Владата ѝ порача на МАНУ дека мора да се прекрсти

МАНУ го отфрлила предлогот за преименување од „Македонска академија на науките и уметностите“ во „Акадамија на науките и уметностите на Република Северна Македонија“, по што Владата го повлекла Законот од Собранието, пишува Плусинфо.

Сепак, Владата за порталот велат дека МАНУ како државна институција е должна да го почитува Преспанскиот договор.

– МАНУ e институција која е формирана од државата и користи државно финансирање за своето работење. Следствено на тоа е должна да го применува договорот од Преспа. Според овој документ, придавката во однос на државата, нејзините службени органи и други јавни институции ќе биде во согласност со официјалното име „на Република Северна Македонија“ или со нејзиното скратено име – Северна Македонија. Законот кој го уредува името на Академијата е повлечен од Собранието, но Владата е убедена дека ќе се најде решение. Истовремено очекуваме да не се дозволи политизација на ова правно прашање – велат од Владата.

Порталот повикувајќи се на извори од МАНУ пишува дека мнозинството академици имаат отпор да го променат името. Тие кои што се „за“ тоа го аргументираат со ставот дека не гласаат за промената оти така сакаат, туку дека тоа го наложува Преспанскиот договор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа