Владата ќе посредува во изнаоѓање решение во проблемот со пожарникарите

На седницата на Влада во септември беше прифатен акцискиот план за воспоставување на принципот за воспоставување на национална децентрализација во против пожарната заштита со воведување на блок-дотација за секоја општина

– Проблемот со пожарникарите се провлекува повеќе од 15 години и беше игнорирано, а на иницијатива на Министерството за одбрана почна да се решава, а тоа е зголемувањето на средствата кои од буџетот на Одбрана беа префрлени на општините во 2020, вкупно 51 милион денари повеќе од минатата година – рече портпаролот на Влада, Душко Арсовски.

Тој додаде дека Град Скопје овие денови има интензивен контакт со пожарникарите, како и дека е тука Владата на некој начин да посредува и да се изнајде што поскоро решение за овој проблем.

Пожарникарите најавија секојдневни протести додека не се реши нивниот проблем.

-Не сме задоволни од денешната понуда на градоначалникот Петре Шилегов, кој е три години на функција и имаше време да го среди Законот за пожарникарство и продолжуваме со протест пред Град Скопје, со цел да се реши проблемот со исплатата на надоместот на плата, изјави еден од членовите на иницијативниот одбор, Дејан Исаевски, командир во Бригадата за противпожарна заштита по средбата со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега