Владата со заем од 70 милиони евра ќе обновува локални патишта

 

Владата денеска го усвои Предлог-законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој и Светска банка во висина од 70 милиони евра кои ќе бидат наменети за поврзување на локални патишта.

Заемот ќе биде искористен за рехабилитација, реконструкција и надградба на локални патишта и улици во вкупна должина до 450 километри во 80 општини.

Целта е да се обезбеди подобра безбедност и зголемување на достапноста на транспортната мрежа на локално ниво. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2019 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега