Владата воведе мејлови и телефонски линии за пријавување на непочитување на мерки и препораки

Владата и Инспекцискиот совет апелираат до граѓаните да ги пријавуваат неправилностите и непочитувањето на владините мерки и препораки за спречување на ширењето на заразата од КОВИД- 19.

За таа цел отворени се нови е-мејл адреси и ставени се во функција бесплатни телефонски линии. Граѓаните можат неправилностите да ги пријавуваат на следните мејлови и броеви:

-Државан инспекторат за труд  poplaki@dit.gov.mk
151 31

-Државен пазарен инспекторат  nepravilnosti@dpi.gov.mk
191

-Државен санитарен и здравствен инспекторат  prijavi.dszi@gmail.com
0800 255 55

-Агенција за храна и ветеринарство  sin@fva.gov.mk
0800 3 2222

-Државен инспекторат за транспорт  prijavi@dti.gov.mk

-Агенција за лекови и медицински средства  prijavi@malmed.gov.mk

Од Владата денеска информираа дека инспекциските служби со сите свои капацитети продолжуваат интензивно да работат на терен.

 

– Без исклучок секој кој нема да се придржува до мерките на Владата ќе биде санкциониран. Овие мерки се донесени во интерес на здравјето на граѓаните и на јавното здравје и мора да се почитуваат. Повикуваме на одговорност од секое правно лице, од секоја индивидуа во нашето општество. Јавното здравје зависи од сите нас, се вели во владиното соопштение

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега