Владата закажа седница за денеска во 12 часот
Владата на нашата земја, денеска, со почеток во 12:00 часот, ќе ја одржи редовната 106-та седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
„На седницата, согласно дневниот ред, на предлог на Министерството за надворешни работи ќе биде разгледан Предлог на закон за ратификација на измените и дополнувањата на Договорот за слободна трговија меѓу Република Северна Македонија и ЕФТА државите, според кој Министерството за економија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за финансии-Царинска управа се определуваат како надлежни органи на државната управа што ќе се грижат за извршување на измените и дополнувањата на Договорот“ - известуваат надлежните.
Покрај другото, на седницата, пред министрите за разгледување ќе се најдат и информации за проекти на одделни министерства, како и извештаи за работењето на повеќе јавни претпријатија и трговски друштва во државна сопственост, согласно обврските за редовно доставување до Владата и со цел поголема транспарентност во работењето.
Од Владата додаваат дека ќе информираат за донесените одлуки, веднаш по завршувањето на седницата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа