Власта собра мнозинство и Собранието како на трка: Летаат закони по скратена постапка

По еден подолг период власта собра мнозинство во Собранието па настаните таму во моментов течат како на трка.
До сега петнаесетина закони поминаа во првата фаза низ Собранието и сите ќе одат низ скратена постапка.
Во моментов власта во Собранието располага со мнозинство од 63 пратеници иако за некои решенија гласаат и пратеници од оние кои се декларираат како опозициски.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ гласаше за Законот за извршување на Буџетот со што практично станува јасно дека најголемата опозициска партија ќе го поддржи носењето на овој документ.
Повеќе од 40 минути од официјалниот старт на седницата се уште не е почната расправа за ниту едно законско решение бидејќи сите кои до сега беа ставени на дневен ред поминаа по скратена постапка.

Следете ја седницата во живо

09.12.2021 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега