Власти се загрижија - Омикон најверојатно тропна и на вратата во Германија

Државниот министер за социјални работи и интеграција во западногерманската покраина Хесен, Каи Клосе, денеска предупреди дека новиот сој омикрон „многу е веројатно дека веќе пристигнал” во Германија бидејќи мутации типични за оваа варијанта се откриени кај патник кој се враќал од Јужна Африка.

„Синоќа беа откриени неколку мутации типични за сојот омикрон кај патник кој се враќал од Јужна Африка”, напиша Клосе на Твитер.

Патникот е изолиран дома. Доколку се потврди, ова ќе биде прв случај на омикрон во Германија.

Не се соопштуваат други детали за патникот, ниту на кој аеродром пристигнал.

Меѓународниот аеродром Франкфурт, најпрометниот аеродром во Германија, се наоѓа во покраината Хесен.

„Доколку минатата недела сте се вратиле од Јужна Африка, тогаш ограничете ги вашите контакти и тестирајте се”, предупреди Клос.

 

Првиот случај на сојот омикрон во Европа беше потврден вчера во Белгија.

27.11.2021 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега