Влегол во ресторан во Дебар и барал пари за наводен долг, па ги нападнал

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Р.Т.(51) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

„На 09.08.2020, Р.Т. влегол во угостителски објект на ул.„8 Септември“ во Дебар, сопственост на И.С. од Дебар и од неговиот татко А.С. побарал 300 евра за наводен долг.

Откако не ја добил бараната сума, почнал да се однесува агресивно кон А.С. и во еден момент физички го нападнал“ велат од полиција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2020 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега