ВЛЕН го поздравува „One Stop Shop“ на Табановце: Крај на долгите чекања за дијаспората

 


ВЛЕН го поздравуваат усвојувањето на законската рамка од страна на Собранието на Република Северна Македонија со која, во пресрет на сезоната на летни одмори, се става во функција системот “One Stop Shop“ на граничниот премин Табановце.

Оваа иницијатива претставува значаен напредок во модернизацијата и подобрувањето на граничните процедури за граѓаните, особено за дијаспората, која со децении се соочува со долги чекања и бројни тешкотии при преминувањето на границата, велат од ВЛЕН.
 
„По успешното искуство на граничните премини Блаце и Јажинце, проширувањето на овој модел на Табановце е доказ за посветеноста на владата да донесе ефикасност и достоинствен третман кон граѓаните, претворајќи го граничниот премин од мачен процес во едноставна и брза постапка.
 
Државата и институциите имаат обврска да им служат на граѓаните, а не да им го отежнуваат животот со бирократски процедури и непотребно чекање. ВЛЕН, како политичка сила што ја промовираше оваа реформа, е посветена на континуирано подобрување на квалитетот на јавните услуги и враќање на довербата на граѓаните во државата.
 
Моделот “One Stop Shop“ е повеќе од само административна постапка; тој претставува нова визија за администрацијата, која им дава на граѓаните почит и вредност што ја заслужуваат, особено на нашата дијаспора, која игра суштинска улога во економскиот и социјалниот развој на земјата.
 
ВЛЕН ќе продолжи со посветеност по патот на конкретни реформи, кои директно влијаат на животите на граѓаните, со цел фер, транспарентна држава со квалитетни услуги.

Им посакуваме добредојде на дијаспората во нивната татковина и сме решени да го направиме преминувањето на границите полесно, побрзо и достоинствено“, стои во сооптението од ВЛЕН.

26.06.2025 - 09:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега