ВМРО-ДПМНЕ: 16 часа Владата молчи за трагедијата во Тетово
Поминаа повеќе од 16 часа, владата молчи и не дава никакви информации за трагедијата во Тетово, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Граѓаните чекаат информации, а институциите молчат. Апелираме до владата Венко и Заев да излезат во јавноста и да споделат се со јавноста што до сега е откриено. Трагедијата која се случи во Тетово е национален траор кој ја потресе целата нација. Нашите мисли и молитви се со семејствата на починатите, но и желби за брзо закрепнување на сите повредени. Очекуваме владата навремено да ги информира граѓаните, но и да спроведе се што е потребно за помош на терен, за семејствата на починатите и за повредените, велат од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа