ВМРО-ДПМНЕ: 48 часа по ужасот во Тетово Заев го нема во јавноста со одговори за несреќата

Точно 48 часа по ужасот во Тетово, Заев го нема во јавноста со одговори за несреќата, соопшти вечерва опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Два дена Заев молчи и бега да поднесе оставка за да ја ослободи истрагата од влијание кое ќе попречи на нејзината објективност и неутралност. Оставката на Филипче не е доволна и истрагата ќе успее само Заев ако си поднесе оставка. Досегашното криење на Заев ни дава причини да веруваме дека се одвива процес за заташкување на доказите и прикривање на одговорноста. Затоа брзо оставки, за објективна истрага и одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

10.09.2021 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега