ВМРО-ДПМНЕ: 5 милиони евра за нови возила за министрите

Власта на СДСМ и ДУИ безмилосно ги троши народните пари во услови кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Во периодот од 2018-2021 година Владата потрошила пет милиони евра за изнајмување возила по пат на т.н. оперативен лизинг. Владата потрошила 5 милиони евра во време на кризи, кога бара од граѓаните да штедат и да го стегаат ременот, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во исто време Владата не ги продолжува мерките за спречување на енормното поскапување на горивата и основните производи за граѓаните, со цел да собере што е можно повеќе данок кој потоа ќе го троши на сопствено луксузирање. Паѓа во вода објаснувањето на властите дека нема пари за повисоки плати и смалени акцизи, бидејќи гледаме дека пари има, ама се трошат на луксузни возила, но и на нов мебел, цвеќиња и хотелски услуги. Ова е лицемерието на владата, велат од партијата.

Во нивното соопштение стои и дека за да има владата за нови возила 5 милиони евра, граѓаните плаќаат поскапи горива, поскапа струја и двојно поскапени основни производи.

-Премногу е! Оваа ненародна, распашана и криминогена власт манипулира со граѓаните и ги турка во сиромаштија за да може функционерите да се богатат и да трошат на луксуз.  Ова мора да престане. Затоа граѓаните на 18-ти јуни ќе излезе масовно на голем сенароден протест за промени, стои во партиското соопштение.

09.06.2022 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега