ВМРО-ДПМНЕ: 7 милиони евра од енергетска компанија во Македонија беа исплатени на струмичка фирма блиска до Заеви

Срамно е за поскапувањето на струјата која го направи власта на СДСМ и Заев да обвинуваат други. Власта на Заев и СДСМ е единствената влада во регионот и пошироко која ја поскапи струјата во време на епидемија со корона вирус и со тоа удри по џебот на граѓаните и нивниот стандард. Со тоа сакаат народот да ја плаќа нивната неспособност и криминогени бизниси кои ги тераат со енергетските компании во Македонија. Токму поскапувањето на струјата значи личен интерес на фирми блиски на СДСМ и Заев, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Фирми блиски до Заеви изминатите години беа ангажирани за обезбедување, ископ, транспорт и енергетските компании, со што испумпуваа милиони евра. Само за потсетување преку агенцијата за обезбедување од Струмица, која беше ангажирана од енергетска компанија беа исплатени 17 милиони евра што сега народот ќе треба да ги плаќа. Ете затоа и заради многу други бизнис интереси на Заеви  граѓаните ќе плаќаат за 7,5% поскапа струја.

Затоа ваквите манипулативни соопштенија не им поминуваат.

Што се однесува до заштитата на криминалот во државата тоа е манир на Зоран Заев и СДСМ. Тие криминалот треба да го бараат кај своите бизнис пајташи. СДСМ носеа аболиции, тргуваа со правдата и селективно гонеа исмислуваа политички случаи против неистомисленици, од правдата направија пазар кој скапо го наплаќаа со милиони евра во Луј Витон куфери.

 

Македонија со Заев е најкорумпираната држава во Европа и регионот, на сметка на растечката сиромаштија и крахот на стопанството. Нивната тендерашка власт не е ништо друго туку диво месо кое уништува Македонија“, стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.08.2020 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега