ВМРО-ДПМНЕ: 75 % од граѓаните сметаат дека државата оди во погрешна насока

Нервозата кај Ковачевски и СДСМ е очигледна. Тие се очајни и фрустрирани затоа што гледаат дека над 75% од граѓаните сметаат дека Македонија се води во погрешна насока, што е резултат на неспособноста, неодговорноста и криминалот на оваа власт на СДСМ и ДУИ, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ повторно подава рака во интерес на граѓаните и државата.

Затоа бараме СДСМ да се вразумат и да прифатат да се договори датум за предвремени парламентарни избори, а до тогаш да вклучат тимови од експерти да помогнат во изнаоѓањето на решенија за кризите и проблемите кои им тежат на граѓаните.

СДСМ треба да покажат доблест и интересите на граѓаните да ги стават пред нивните тесни партиски интереси и желбата за гола власт, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

07.05.2022 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега