ВМРО-ДПМНЕ: АД Славија е кражба на деценијата

„Кражба на деценијата - Вредноста на АД Славија е над 20 милиони евра, додека Заев и пиунот Ковачевски ја продаваат за нешто над 200.000 евра“, обвинуваат утринава преку писмена реакција до медиумите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во врска со продажбата на Славија.

„Само административната зграда со земјиштето околу неа чини над 9 милиони евра. А претпријатието има и друг броен имот за кој деновиве ќе зборуваме и ќе објавиме во јавноста. АД Славија минатата година имала приходи од над 800.000 евра, односно лани друштвото имало 4 пати поголем профит од тоа што денес Заев и пиунот Ковачевски го бараат како сума за продажба.
Власта на пиунот Ковачевски и Заев го раскрчмува имотот на АД Славија затоа што тој им е ветен на бизнис моќници кои градат станови и вршат бетонизација на Скопје“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

22.12.2021 - 08:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега