ВМРО-ДПМНЕ: Ако вакцинацијата стартуваше на време и бројката на починати од корона ќе беше помала

Филипче продолжува со неговите лаги. За него немало некое доцнење во стартот на вакцинацијата и покрај тоа што другите замји стартуваа со вакцинација против корона во декември минатата година и имаа по неколку тури на вакцини и тоа од повеќе производители, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното интервју на министерот за здравство Венко Филипче за Телма.

Според партијата, Филипче никако да сфати дека преговорите за вакцини, требала да ги почне многу порано, требаше да ги почне уште пред половина година.

-Филипче никако да сфати дека до сега требало да има разговори со производителите на сите вакцини, а не дури сега да се запознава со каратеристики на некои вакцини, како и за нивата достапност.  Ако почнеше вакцинацијата кон крајот на минатата година или почеток на оваа веќе ќе имаше одрден број на граѓани со стекнат имунитет. Ако почнеше вакцинацијата порано ќе имаше помалку починати, и самиот вели „буквално сите вакцини штитат од тешка форма на болеста и од смрт“. Доцнењето на вакцинацијата против корона чини човечки животи. За неспособноста одговорно мора да има, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2021 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега