ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска само преку превара може да стане лидер на партија

 

Пристигнаа и првите политички реакции откако вечерва градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска ја презема претседателката функција на политичката партија Нова Алтернатива.

Од сите вести за формирање на партијата на Данела Арсовска главна вест секаде е присуството на Миле Зечевиќ, кој е и идеен творец на таа партија. Оттука може да се сфати колку всушност тежи таа партија кога главна вест за нејзиното формирање е присуство на секретарот на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Воедно е јасно дека Арсовска само преку превара може да стане лидер на партија. Во салата освен Зечевиќ, можеше да се забележи градската администрација на Скопје, директорите на јавните претпријатија чиј шеф е Арсовска, градоначапникот во сенка и пријател на Арсовска, Драги Книга, како и редовните самопрогласени медиумски чувари на столчето на Љупчо Палевски и маши на Зечевиќ, со партии зад себе повеќе од прстите на двете дланки“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, тајната коалиција СДС-Арсовска стана јавна.

„Проектот на СДС и Зечевиќ ке доживее дебакл, зошто јасна е намерата. Добро би било наместо висока политика за почеток почне да го решава хаосот во Скопје. Колку за промена, но за жал и за тоа не ја бива“, завршуваат од опозициската партија.

17.01.2024 - 22:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега