ВМРО-ДПМНЕ бара да се продолжи замрзнувањето на цените на основните производи

Ако човек сака да биде саркастичен ќе каже дека се што е убаво кратко трае, па така веќе и замрзнатите макарони на Ковачевски кои ги прикажуваше како голем економски и социјален успех на владата ќе имаат одмрзнати цени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека со други зборови оваа “купи ден- помини влада“ на ДУИ и СДС, носи краткорочни мерки за справувањето со ценовниот шок.

-Но што да се очекува од владини функционери со 78 % повисоки плати, кои немаат абер да ги намалат во оваа криза. Сигурно сега со поголеми плати производите им се гледаат поевтини. Со ова се потврдува народната мудрост која во случајов е дека ситата влада не го верува гладниот народ.

 

Впрочем ценовниот шок на граѓаните трае веќе подолго време, и замрзнувањето на цените донекаде беше задоцнето, бидејќи цените на производите веќе беа отидени до “таван“.

Високите цени, значат високи даноци, а високите даноци значи полнење на буџетот, кој потоа се троши за местени тендери, сомнителни зделки и лични бенефити на функционерите на ДУИ и СДС. Но ако веќе замрзнатите цени на основните производи значеа какво такво помало гајле за народот, тогаш оваа мерка треба да биде продолжена. Не може владата да пролонгира кризи, а да укинува антикризни мерки кога се работи за интересот на граѓаните. Не може народот од свој џеб да ги плаќа грешките и криминалите на власта, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

02.06.2023 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа