ВМРО-ДПМНЕ: Братучедот на Оливер Спасовски кандидат за Куманово од СДСМ, во Битола бизнис партнер на Вице Заев

Понудата на СДСМ за локалните избори е од лошо полошо. Братучедот на Оливер Спасовски во Куманово Оливер Илиевски стана кандидат за градоначалник. Додека султанот Заев го исклучи Максим Димитриевски зашто кажа дека СДС е киднапирана партија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека во Битола кандидат за градоначалник е Христо Кондовски Стентоно кој е кандидат затоа што е бизнис партнер со Вице Заев.

-Ако Струмица е на Вицевци, Кондовски од Битола ќе прави Стентонград. Дополнително за Ѓорче Петров СДС го кандидира стариот, истрошен и корумпиран градоначалник Александар Наумовски кој ќе остане запаметен по набавката на машина за перење вредна неверојатни 50 илјади евра. Понудата на СДСМ на овие избори е криминал и неспособност. Оваа понуда е од лошо полошо, односно покрај дното СДСМ покажа дека постои дупло дно, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

01.09.2021 - 08:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега