ВМРО-ДПМНЕ: Бројот на починати од корона надмина илјада лица, Филипче мора да одговара

Црните рекорди на Филипче продолжуваат. И додека бројката на заразени се движи околу 30 проценти од бројот на тестирани во едно деноноќие, Филипче наместо да делува си тера пиар – носете маски, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека додека владата ја води Заев, а Филипче министерува со ресорот здравство ништо не помага.

-И додека Заев и Филипче се држат само до носи маска, државите во Европа спроведуваат многу конкретни мерки. Но, кај нас Заев и Филипче чекаат?! Така велат самите. Додека Заев и Филипче чекаат и си ги тераат бизнисите, граѓаните се оставени сами на себе. Ниту политичката Комисија за заразни болести не знае очигледно ништо повеќе од носете маски. Затоа за оваа ситуација кога има повеќе од илјада лица починати и сме високо на листата по починати лица на милион жители мерката е јасна – Филипче да поднесе оставка, се наведува во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.11.2020 - 09:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега