ВМРО-ДПМНЕ: Цело интервју на Ахмети му е "одете и прашајте" , а тој е 20 години во врвот на власта во државата

Цело интервју на Ахмети му е "одете и прашајте" , а тој е 20 години во врвот на власта во државата. Вака го коментираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, гостувањето на Али Ахмети во емисијата „Клик Плус“, на ТВ21.
 
„Одете прашајте колку е цената на зејтинот.
 
Одете прашајте колку е богат Али Ахмети.
Одете прашајте зошто не е завршен автопатот Скопје - Блаце.
 
Одете прашајте зошто се иселени и Тетово и Гостивар и Дебар и Кичево. 
Одете прашајте зошто се случија пожарот во тетовската болница, несреќата кај Ласкарци, Беса Транс.
 
Одете и прашајте. Али Ахмети е 20 години власт во Македонија, таму е и одговорот“, се вели во реакцијата на најголемата опозициска партија испратена доцна вечерва до медиумите.
06.06.2022 - 22:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега