ВМРО-ДПМНЕ: Цените на основните продукти пораснаа за 20%, а Заев лаже дека сè е во ред
Инфлацијата со најава да расте, цените скокаат, а Заев лаже дека сè е во ред, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Цените на основните продукти во последната година дена се зголемени и до 20% при продажба на мало, тоа не треба да го кажат некакви истражувања, тоа го чувствуваат и гледаат граѓаните секој ден“, се посочува во партиската реакција.
Од таму предупредуваат дека, спротивно од Заев за кого, како што велат, сè е розово, гувернерката на НБРМ посочила на можно зголемување на инфлацијата, а производителите предупредуваат на покачувања на цените и до 50% во малопродажба.
„Заев е виновен за ценовната спирала и шок кој нè очекува, и за да се амортизираат ефектите мора итно да се делува“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека кога тие биле на власт, во 2007 и 2008 година, успешно се справиле со таква опасност кога цените насекаде во светот скокнале.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа