ВМРО-ДПМНЕ: Да се затвори клубот Цар Борис, кој носи име на нацистички соработник
Власта да почне да го применува Законот за здруженија и партии и да се затвори клубот Цар Борис, кој носи име на нацистички соработник, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Законот за здруженија и партии е донесен и изгласан во собранието, тој треба веднаш да почне со примена.
Името на клубот Цар Борис, е име на докажан нацистички соработник, под негова палка Бугарија била дел од нацистичката коалиција на Хитлер.
Недозволиво е тој клуб да продолжи со делување. Тој треба веднаш да се избрише од Централниот регистар.
Недозволиво е во Македонија која се стреми кон Европа да има активни клубови кои имаат поврзаност со еден од најмрачните делови на историјата, додаваат од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа