ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев е сигурен дека зборел со тајни служби или со пранкери?

Од МИ 6 до температура 40 степени, какви се глупости ќе смисли Заев за да го покрие срамот дека се уште нема вакцини?!, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на премиерот во Дневникот на Сител.

-Ништо не го пере Заев од одговорноста дека Македонија нема вакцини. Официјален орган задолжен за здравство е министерството за здравство и комуникацијата треба да се одвива стриктно со производителите. Кој е Заев да се слуша со тајна служби за вакцини, и како тие ќе му помогнат. Македонија има институции кои треба да набават вакцини. Што прави Филипче додека Заев разговара со службите?!, се вели во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, илјадници луѓе починаа, а нивните животи ќе биле спасени, доколку Заев навреме набавеше вакцини.

-Му води ли некој на Заев евиденција какви комуникацик остварува или пак сме жртва како земја на неговата неспособност или можеби разговори со пранкери. Заев, колку си сигурен дека се разговарал со тајни служби, а не со некој пранкери? Заев, да не си наседнат пак од некој деца? Заев овој пат ја претера. Македонија умира заради тебе, се вели во реакцијата од опозициската партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.03.2021 - 21:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега