ВМРО-ДПМНЕ: Данела нема бугарски пасош ама Петре има 4 стана и 2 хациенди

Ваквата црна кампања досега е незапаметена и таа е последица на стравот од пораз на Шилегов и Заев - велат од ВМРО-ДПМНЕ
 
„СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска.
 
 
Во целост ги демантираме ваквите невистини, и ниту една црна кампања, вклучителна и таа во која вмешуваат членови на потесното семејство на Арсовска нема да им помегне да го одбегнат поразот од народот кој им следи.
 
Потсетуваме дека не е прв пат СДСМ да мавта со лажни обвинувања за бугарски пасоши, тоа станува дел од нивната стратегија додека Заев врши притисоци врз членови на историската комисија да потпишат тоа што Заев во 4 очи договорил да продаде со бугарската власт.
 
Ваквите лаги нема да го спасат ниту Шилегов од пораз и одговорност за прекумерното богатење додека е на државна функција. 4 стана, 2 хациенти е учинокот на Шилегов како градоначалник и еден тон лажни вести за прикривање на непособноста на Шилегов.“ - реагира ВМРО-ДПМНЕ

 

26.10.2021 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега