ВМРО-ДПМНЕ: Даваме силна поддршка на МПЦ, последна во процесот одлуки за автокефалност е таа на Вселенската Патријаршија која дава полноважечки Томос

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение испрати поддршка до Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА).

„ВМРО-ДПМНЕ ставот во однос процесот за автокефалност го искажа во повеќе наврати давајќи силна поддршка на одлуките на Синодот на Македонската Православна Црква Охридска Архиепископија и Архиепископот Стефан.

Во овој процес последна е одлуката на Вселенската Патријаршија, која како врховна институција во православниот свет има право да доделува полноважечки Томос за автокефалност.

 

На тој начин ќе се комплетира еден процес многу значаен за нашата света МПЦ - Охридска Архиепископија и за верниот православен народ на Македонија“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

06.06.2022 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега