ВМРО-ДПМНЕ: Денес протест во седум града - оставка на Заев, слобода на народот

Време е граѓаните на Република Македонија да се обединат и да се стави крај на лудоста на Зоран Заев, човекот кој што сака да ги продаде националните интереси, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев јавно да се извини за навредите врз македонските граѓани и нашите предци и херои. 

Заев не може да испорача ништо добро за својата држава и мора да си оди. Оставка веднаш! Само со оставка на Зоран Заев, македонските граѓани ќе живеат подобро.

 

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани во одбрана на националните интереси. Денес на 27.11.2020 во 18:00 часот ќе се одржи протест под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“, во Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Охрид и Битола“, стои во соопштението на опозициската партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега