ВМРО- ДПМНЕ денеска на протест пред МВР: „Доста е од тајните преговори со Софија, јавноста има право на отчетност“

ВМРО-ДПМНЕ денеска во почеток во 15 часот ќе одржи протест пред Министерството за надворешни работи.

Според најавите протестот ќе трае до 17 часот.

-Денес на протест пред МНР, од 15 до 17 часот. Доста е од тајните преговори кои во Софија ги води другарот на Заев, Бучковски, за дополнителни анекси на штета на Македонија

Јавноста има право на отчетност на владините министри пред граѓаните и Собранието, за сите битни надворешно-политички прашања!  напиша на Фејсбук Антонио Милошоски.

Во изминативе три дена партијата организираше блокади на раскрсници во Скопје и 10 градови ширум Македонија.

11.06.2021 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега