ВМРО-ДПМНЕ: Димовски никој не го прозва сам се пронајде во обвинувањата за прислушување

 


Интересно е што Виктор Димовски, иако никој не го прозва сам се пронајде во прозивките за прислушкување и следење на медиумите, новинарите и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. 

„Очигледно е дека сам си ја брка мувата од капата. Е кога сме кај тоа, исто интересно е што самиот призна дека имало следење па и имало тајни соработници како што самиот посочува. 

Разликата е тоа што Виктор Димовски тврди дека имало оправдани причини за следење, а ние велиме дека причините се измислувале и злоупотребувале механизмите за тоа. 

Но и во едниот или другиот случај факт е дека имало следење. Инаку Виктор Димовски заедно со Еролд Муслиу се истиот канцер на безбедносните служби во државата. И одговорност мора да има“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

02.09.2025 - 12:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега