ВМРО-ДПМНЕ: Директорот на протокол на МНР кој што го згреши знамето не е разрешен, туку унапреден во амбасадор во Москва

 

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи вчера кажа дека директорот на протокол вчера поднел оставка по згрешеното знаме, по што тоа предизвика реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

„Бујар Османи не ја кажа вистината кога соопшти дека директорот на протоколот наводно поднел оставка поради згрешеното знаме за време на посетата на словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон. Вистината е дека тој добил датум и е унапреден за амбасадор во Москва“, се вели во соопштението.

„Се поставува прашањето зошто Османи ја лаже јавноста? Неспособноста е длабоко вкоренета во институциите. Како човек кој не разликува знаме, може да преставува држава?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

01.11.2022 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега