ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да не учествува во криминал и да антидатира анкетни листови на луѓе од власта на СДС
ДКСК да не учествува во криминал и да антидатира анкетни листови на луѓе од власта на СДС. Дознаваме дека луѓе од власта антидатираат и фабрикуваат бројчиња поднесувајќи анкетни листови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од паријата предупредуваат дека антидатирање е кривично дело.
„Да ја предупредуме ДКСК дека антидатирање е кривично дело. И директно извршуваат криминал. Поседуваме фотодокази од сите објавени анкетни листови. И ги предупредуваме да не влегуваат во шемите на власта. 123 функционери се фатени како кријат имот од 30 милиони евра. ДКСК наместо да антидатира да постапи со отворање на постапки. ДКСК имаше доволно време од јануари да постапи во однос на функционерите кои кријат имот. И тоа не го направија“, се вели во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа