ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Се потврди нашата теза - немате кандидат за Скопје
Се потврди фактот дека СДС и Филипче немаат кандидат за Скопје, откако претходно Ралев и уште еден познат скопски адвокат ги одбија.СДС тонат се подлабоко во својот бунар без дно, сите кандидати или им се претседатели на општински организации кои мораат да излезат и да изгубат во своите општини или пак поранешни кадри на Заев. Вака реагираат од владејачката партија во однос на објавените имиња за кандидати за градоначалници на опозициската СДСМ.
„Со ова дефинитивно се потврдува дека СДС немаат кадри, ниту пак некој сака да им се нафати да изгуби. Во Скопје ќе одат со кадар на Заев, поранешната министерка за животна средина Каја Шукова.
Истата Каја Шукова ќе им ветува на Скопјани чист воздух и чиста околина, а додека беше министерка за животна средина со прст не мрдна за подобрување на аерозагадувањето.
Шукова и останатите кандидати на СДС се прочитана приказна“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа