ВМРО-ДПМНЕ до Заев: Не ви пали веќе “Ако Помине Помине“

 

Од измамникот Зоран Заев, чесен човек и чесен политичар не бидува. Заев е уплашен политичар во заминување, кој единствено се грижи само за сопственото бoгатство. Ова денеска како реакција на неговото обраќање го велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Лентата му е заглавена на лажење, па повторно ги манипулира граѓаните со нови лаги од типот само што не дошла инвестицијата на Гугл, Фејсбук, Фолксваген, 300 пилоти, чист воздух и слично. Но веќе никој не му верува. Патот на Македонија на чело со Заев води кон амбис. Тој се обидува со кавали, баклави, тепсии и слични флоскули да ги замајува граѓаните, додека во меѓу време бизнисот со марихуана цвета, се богатат фирмите од картелот на власт, фирмите на Жути добиваат тендери, а фрчи рекетот во Луј Витон торбите. Заради неуспесите и корупцијата на Заев економијата ни е во колапс, здравството пропаѓа, земјоделието се гуши во проблеми, образованието нема реформи, 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, младите забрзано се иселуваат и целиот систем се урнисува. Заев безочно излажа дека за изборот на државен Ревизор му е крив некој друг. Не. Виновни се самите тие во коалицијата на власт, затоа што не можат да се договорат и самите го одложуваат тој избор. Но јасно е зошто тоа го прават. Тие би биле најсреќни ако нема ваква институција, за да не им пречи никој во раскрчмувањето на народните пари. Состојбата со државната ревизија е иста како со Бирото за јавни набавки кое го укинаа за тендерите да ги добиваат сомнителни фирми формирани неколку дена пред јавната набавка, велат од опозицијата.

Граѓаните веќе гледаат дека со Заев на власт единствено што е организирано е криминалот и корупцијата. Токму тие се белегот на секоја јавна набавка или тендер кои неговата власт ги прави, бидејќи криминалната врхушка на власт се води од принципот “Ако Помине Помине“. Е веќе не поминува. Граѓаните ќе ја казнат оваа криминална власт, и обновата на Македонија ќе отпочне од април кога државата ќе биде ставена на брзата лента на напредокот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.11.2019 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега