ВМРО-ДПМНЕ доби двајца нови потпретседатели: Мицкоски ги соопшти имињата

На вечерашната прес-конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ги соопшти новите имиња кои ќе раководат со партијата. 

Партијата добива двајца потпретседатели, едниот е Тимчо Муцунски, градоначалник на Општина Аеродром, вториот потпретседател е Гордана Димитриевска-Кочоска. 

Владо Мисајловски и Александар Николоски остануваат на своите позиции потпретседатели на партијата

На седницата се изгласале и нови членови на Извршниот одбор на партијата. 

Потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да бидат досегашните Владо Мисајловски и Александар Николоски. Борци против оваа неправедна власт и сметам дека ова е добар тим кој опфаќа повеќе области, релативно млади луѓе со богато искуство зад себе.

 Генерален секретар продолжува да биде Горгија Сајкоски, доктор на историски науки. Сајкоски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник во сегашниот состав на Собранието. Неговата задача е организацијата на партијата и подготовка за предвремените парламентарни избори.

 Нов член на Извршниот комитет е аналитичарот и долгогодишен граѓански активист Сашо Клековски. Неговото искуство е дваесетгодишна работа на раководни позиции во граѓанскиот сектор. Тој е прв извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Од 1998 до 2008 година е застапник на Македонската развојна фондација за претпријатија. Тој е прв ко-претседател на Заедничкиот консултативен комитет на граѓанското општество меѓу Европската Унија и Република Македонија за периодот 2009-2010 година.

                Нова членка на Извршниот комитет е и Маја Кадиевска-Војновиќ поранешна вице гувернерка на Народна Банка на Македонија, таа е магистер по економски науки и предавач на Американ Колеџ. Била дел и од Дирекцијата за монетарна политика и истражувања. Беше претседател на Комисијата за решавање по жалби од областа на пазарот на хартии од вредност како и експерт за анализи за макроекономските текови на државата.

                Во овој состав на Извршниот комитет вегува и угледниот доцент доктор Ристо Симеонов. Специјалист по детска хирургија, доктор кој ја изврши првата трансплатација на бубрег кај дете во Македонија. Тој е и Претседател на Здружение на детски хирурзи на Македонија и член на европско и светско Здружение на детски хирурзи.

                Нов член на Извршниот комитет е и доктор Мевмет Џафери од Маврово Ростуше. Тој е угледен доктор од оваа општина и активист на ВМРО-ДПМНЕ. Хуманист и професионалец во својата област.

                Воедно во проширувањето на Извршниот комитет се водеше сметка да се даде шанса и на кадри од партијата кои ќе бидат новата сила која донесе свежина и надоградба на нашата битка за промени.

                Нови членови на Извршниот комитет се и пратениците Ели Панова која доаѓа од Струмица и Миле Лефков од Кочани. Двајцата се со завршен правен факултет, доста активни пратеници во овој парламентарен состав и со минат труд во ВМРО-ДПМНЕ.

Нов член на Извршниот комитет е и Луке Галески, актуелен директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕод септември минатата година. Тој има завршено Правен факултет Јутинијан Први, спцецијализирал и е со повеќе годишно искуство од мас медиуми и корпоративни комуникации, а претходно работел и како советник во владата и беше дел од мојот кабинет како претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е актуелен советник на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје.

                Од вечерва нов член на извршниот комитет е и актерот Зоран Љутков, кој е од Велес каде е и претседател на советот на општината. Работи како актер во Драмскиот театар и има зад себе повеќе препознатливи и успешни телевизиски и театарски улоги и признанија.

                Нов член на Извршниот комитет е и Марија Митева, актуелна портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ. Таа е и секретар за меѓународна соработка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, инаку магистер по деловно право.

Воедно членови на Извршниот комитет остануваат да бидат и досегашните..

-пратениците со сериозно политичко искуство Антонио Милошоски, Дафина Стојановска, како и пратеникот Драган Ковачки кој е и полковник во Армијата на Македонија. Членка на Извршниот комитет продолжува да биде пратеничката Рашела Мизрахи, докторот Олга Лозановска од Битола.

                Во Извршиот комитет останува и професор доктор Трајко Славески кој е и претседател на советот на град Скопје, како и човекот со богато искуство зад себе Влатко Ѓорчев, градоначалникот на Охрид доктор Кирил Пецаков како и докторот Марија Андоновска, која е и координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје.

                По функција членови на највисокото извршно тело се и претседателот на УМС Сергеј Попов, претседателката на УЖ Жаклина Пешевска, и првиот човек на Унијата на ветерани Мане Јаковлевски како и кординаторот на пратеничката група Никола Мицески.

                Нов секретар за меѓнародна соработка е Стефан Андоновски, кој е и актуеен советник во градот Скопје.

 

 

 

 

31.01.2022 - 18:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега