ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Пендаровски призна дека уставни измени не се можни
„Добро е што Пендаровски призна дека уставни измени не се можни, а добро е и да и сугерира на власта да излезе на избори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во врска со интервјуто на претседателот во емисијата „Вин-вин“ на ТВ Телма.
„Со признанието на Пендаровски стана јасно дека СДС и ДУИ се свесни дека уставни измени нема да има, и дека ја замајуваат јавноста само за да нема избори. Пендаровски призна и дека власта освен за промена на устав, друго и не работела.
Во однос на кривичниот законик Пендаровски уште еднаш покажа дека морал да потпише тоа што му кажале Ковачевски и Ахмети, па како и се до сега Пендаровски има свој став, се додека поинаку не му наложат Ковачевски и Ахмети.
Жално е да се гледа Пендаровски кој всушност е носител на позицијата Претседател на Македонија, како талка во ставовите. Очигледно е дека одамна ниту на Водно, ниту на Илинденска нема капетан на бродот“, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа