ВМРО-ДПМНЕ: Дури СДСМ се фали со глоби, Македонија станува рекордер по заразени и починати во Европа

СДСМ и мафијата на власт на чело со Заев наместо конкретни мерки за справување со кризата носеше измени во кои само предвидува казни. Дури и таквите казни не ги спроведува во целост, од проста причина што на некои прекршители им се прогледуваше низ прсти, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција.

„Ова само говори дека власта и пред и после измените на законот нема јасен концепт и стратегија како да се справува со епидемијата која зема замав. Затоа постојано бараат виновници, еднаш кај опозицијата, еднаш кај народот, а никако да признаат дека токму тие се највиновни што Македонија е црниот рекордер по смртност и нови заразени како во регионот, така и во Европа.

 

Додека СДСМ се фали со висината на глобите бројот на активни случаи надмина 9.000, а бројот на починати се движи кон 1.000 лица. Наместо да се однесуваат одговорно како власт тие секој нов ден бараат нови виновници за нивната неспособност и дезориентираностЊ стои во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.10.2020 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега