ВМРО-ДПМНЕ: Џафери не даде пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да зборуваат на интерпелацијата

Талат Џафери вчера ја прекрши деморатијата. Тој не даде пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да зборуваат за да не го прашаат Спасовски за Мафија 1 и 2, соопшти денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Спасовски немал аргументи, ниту знаел како да се вади, затоа што, како што велат, до гуша е во криминал.

-215 балкански и светски наркобосови во време на Оливер Спасовски и Зоран Заев добиле македонски пасош со друг идентитет и со тој пасош слободно се шетале низ светот. 215 наркобосови и терористи убивале и правеле криминал низ светот со македонски идентитет кој им е овозможен од македонските власти, се вели во дописот.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Спасовски избегал за да не зборува ниту за 20.000 двојни матични броеви.

-Интерпелацијата помина без ВМРО-ДПМНЕ, затоа што власта се плашеше дека Спасовски ќе биде прашан и за дрогата со која беше фатен возачот на Трајче Заев, но и за акцијата со наркобосовите од Грчец и Арачиново која им беше пробиена од внатре. Спасовски избега да даде одговории за спорните набавки на автомобили, но и за давањето на лиценците за испитните центри на новоформирани фирми, на луѓе блиски до Спасовски и Заев. Спасовски избега затоа што нема одговори ниту на овие, ниту на стотина други прашања, избега затоа што е заштитник на мафијата. Избега сега, но бегање нема. Одговорност ќе има, се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.04.2021 - 09:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега