ВМРО-ДПМНЕ: Економска неспособност на власта е подеднакво опасна како и корона вирусот

СДСМ донесе само сиромаштија и рецесија, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата реагираат и наведуваат дека СДСМ ветуваше економски бум, капитални инвестиции, но од тоа граѓаните ништо не видоа.

„Економска неспособност на власта е подеднакво опасна како и корона вирусот. Власта во 2020 година се задолжи една милијарда и 600 милиони евра, што тоа е историски највисоко задолжување во независноста на Македонија. А,  за 2021 година проектира некаде околу 568 милиони евра задолжување, што се заедно за две години е милијарда и 600 милиони евра колку што сите влади претходно заедно не се задолжиле во независна Македонија. Република Македонија неколку години наназад е земја без просперитет и перспектива, граѓаните секојдневно остануваат без работа, младите бараат излез и спас во земјите низ Европа и светот, но за Зоран Заев тоа е само показател дека Македонија блеска“велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Падот на економијата е еден од најголемите во Европа, над 50 илјади лица останаа без работа, а половина милион граѓани живеат само со 130 денари на ден, наведуваат од таму.

 

„Заев наместо да дели лекции по економија треба веднаш да си поднесе оставка, бидејќи тоа е единствениот излез на Македонија за подобра иднина и економија“ се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2020 - 09:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега