ВМРО-ДПМНЕ: Ем дезертирал од служење војска, ем трајно неспособен со тапија

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека надлежните молчат како дезертерот Ковачевски стекнал и се’ уште има безбедносен сертификат за пристап до државни тајни кога имал документ дека е трајно неспособен.

-Согласно член 4 точки 11 и 13 од Уредбата за безбедност на лица корисници на класифицирани информации пречка за стекнување на безбедносен сертификат е демонстрирање на нечесност, нелојалност, недоверливост, како и доколку истото лице страдало од болест која може да биде пречка во неговото расудување. Дезертерот Ковачевски со овој скандал покажа дека лаже, еднаш вика дека не служел воен рок затоа што бил на школување, втор пат кога се правда со наводни хируршки зафати. Тоа е основа за недоверливост кон него, се наведува во соопштението на партијата.

Оттаму истакнуваат дека дезертерот Ковачевски избегнал воен рок како обврска кон државата.

-Дезертерот Ковачевски приложил документ за ТРАЈНА НЕСПОСОБНОСТ, што отвора сомнежи за пречки за неговото здраво расудување. Како во ваква ситуација тој стекнал и се уште поседува безбедносен сертификат за пристап до државни тајни, стои во партиското соопштение.

25.09.2022 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа