ВМРО-ДПМНЕ: Филипче конфузен и не знае што мерки воведува
И на прагот на четвртиот ковид бран Филипче пак не знае што прави. Предложи едни мерки, па се пишмани, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ по денешното интервју на министерот за здравство Венко Филипче за Сител.
Оттаму велат дека министерот воопшто не знае ни од кога ќе треба да почнат да се применуваат новите мерки.
-Сега промовира нови, односно да се бара ПЦР тест за влез и за излез од земјава, арно ама не знае нити тоа кога ќе почне да се применува. По неподготвотеност да се одговори на првите три брана, ист е случајот и со третиот. Не знаејќи што да прави Филипче приодонесе само да се развие четвртиот бран, Македонија ја направи ново жариште и убедливо ја држи на врвот на светската листа на починати од корона на милион жители. Или во земјава бројката на починати се движи кон шест илјади, а на светската листа оди „напред“ или од 6 или 7 место сега Македонија е на петто место по смртност. Секој ден има скоро и по десеттина мртви, се вели во реакцијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, денеска сликата по кафулињата и рестораните била конфузна.
-На сите веќе им е јасно дека предложнените мерки кои стапија денес на сила се дискриминаторски и не може да се спроведат бидејќи се конфузни и нереални. Тоа го покажа и денешната слика по кафулињата и рестораните. Од Филипче се чека само едно, да замине од функцијата и да се спаси народот, се вели во дописот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа