ВМРО-ДПМНЕ: Филипче мора да одговара, бројките на новозаразени и починати вртоглаво растат

Неспособноста на министерот Венко Филипче ја потврдуваат бројките кои ги соопштува токму министерството за здравство со кое тој менаџира, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„По вчерашната поразителна бројка од 317 заболени во едно деноноќие, денес и министерството и Институтот за јавно здравје со нови црни рекорди. Во однос на минатата недела зголемување од 35,5% на бројката за новозаболени или повеќе од една третина. Пријавени 30 смртни случаи или 7,1% повеќе во однос на претходната недела.“ велат од партијата. 

Наведуваат дека ситуацијата е целосно излезена од контрола. 

„Неспособноста на Филипче и Заев резултира со огромни бројки на заразени за кои наскоро ќе нема место во болниците

Неспособност на Филипче и Заев чини животи. За едена недела процентот на починати од корона вирус е скоро 10 проценти поголем. Свесен ли е Филипче дека починатите се лица со име и презиме. 

 

Неспособноста на Владата предводена од Заев и неговите министри како Филипче убива луѓе.“ стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.10.2020 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега