ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, оставка веднаш

Најважната антикризна мерка што може Владата да ја донесе е Венко Филипче да си даде оставка, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на интервјуто на министерот Филипче за Сител.

Според партијата, на Венко Филипче бројката од 535 новозаболени не му алармира дека треба да си поднесе оставка.

-За Филипче ова не е ништо, вели секаде и во регионот и пошироко било исто. Филипче заборави дека сите како во регионот, така и во Европа по првиот бран некаде во мај се вратија во функција градинки, училишта, а кај нас се доцнеше. Како да се чекаше есенскиот бран за да почнат да работат градинки, училишта.   За Филипче и по оваа драконска бројка сепак му е рано за мерки, освен постоечките, следната недела ќе се разговарало за законски измени за маска на отворено и слично. Знае ли Филипче што може да се случи за една недела ако секој ден има огромно зголемување на бројката на новозаразени во едно деноноќие. Македонија прва во регионот по заболени и мртви. Филипче поради својата неспособност носи на душа 815 починати лица. Филипче, оставка веднаш, се вели во реакцијата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2020 - 20:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега