ВМРО-ДПМНЕ: Филипче освен што брои провизии, сега влезе во филмот на партиски функционер

Последната статистика на надлежните институции вели дека новозаболени во 24 часа има 7, ама починати дури 18. Со тоа бројката на починати од корона е 5.329 лица или се движи кон 5.500. За високата бројката на починати во земјава говорат податоците на Ворлдометар (Worldometers), според чија листа Македонија е високото 4 место на светката листа по починати. Или повеќе од 10 илјади починати, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во меѓувреме,Филипче стави акцент на земањето провизии, сега е во филмот на партиски функционер. Очигледно е дека граѓаните и нивното здравје нема да дојдат на ред. Филипче во нити еден момент од појавата на пандемијата не покажа интерес за здравјето на граѓаните, организирање на здравствениот систем. Замислете и третиот бран поминува унифицирани протоколи за лечење нема! Затоа Филипче ќе одговара, посочуваат од партијата.

25.05.2021 - 08:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега