ВМРО-ДПМНЕ: Филипче призна дека мерките не му се на место

 

Венко Филипче и Зоран Заев се разбудија од зимски сон и им текна дека не одело тоа така во кафулиња и ресторани да влегуваат лица само кои се вакцинирани, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, на премиерот и министерот за здравство им текнало дека мерките се дискриминаторски и фашизоидни.

- Тоа им го кажаа и граѓаните излегувајќи на улица, изразувајќи револт. И сега откако стапи на сила тоа што тие си го замислуваа има кафулиња и ресторни кои не работат, секторот трпи, промет нема, луѓето немаат работа. Сликата од првиот ден е, нема јасни насоки за угостителите, угостителите не можат да ангажираат нови лица, веќе вработените што попрво да прават, угостителите немаат контролен механизам да бидат сигурни дека некој од гостите не ги излажал и слично. Глупостите на Филипче и Заев не завршуваат, туку комплетно предизвикуваат хаос. На пример, како невакциниран вработен во угостителски објект кој е потенцијален ризик за пренос на ковид-19, а може да ги служи гостите, се вели во дописот.

Според партијата, време е Филипче да си замине од функцијата.

-Сега Филипче промовира нови мерки, односно да се бара ПЦР тест за влез и за излез од земјава, арно ама не знае ниту тоа кога ќе почне да се применува. Да смислат мерки кои ќе спречат ширење на корона не ги бива, ама за земање провизии се махери. Но, времето на Заев и Филипче помина. Од нив никој ништо не очекува,  единствено да прекинат да ги извршуваат функциите со што ќе се спаси народот, се вели во соопштението.

17.08.2021 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега