ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со епидемијата се справува со лаги, матни зделки, неспособностт

Венко Филипче со ковид епидемијата се справува со ред лаги, ред матни зделки и ред неспособност, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на министерот.

„Бројките се безмислосни, Македонија поради Филипче и Заев е петта земја од позади по вакцинација, а во топ 5 земјите во светот по смртност од ковид 19.

Како што сами кажуваат од владата во екот на епидемијата инвестирале само 7 милиони евра за справување со здравствената криза, а во исто време граѓаните платиле десетици милиони евра од свој џеб за тестирања, лекување и купување на лекови, маски дезифициенси и здравствена заштита.

Здравствениот систем се распадна и се сведе на донации и апели за лекување.

И по правило Филипче соочен со фактите и својата неспособност лаже и бара виновници во други, еднаш граѓаните, еднаш опозицијата, еднаш ЕУ. Лаже исто како што лажеше дека ќе сме добиеле вакцини од Бугарија во декември, како што лажеше дека потпишал договор со Фајзер и дека во февруари ќе пристигнат нивните вакцини, како што лажеше дека потпишал договор за набавка на кинески вакцини, а всушност со Заев пробувале да набавуваат преку фантом фирми од Хонг Конг по повисоки цени од реалните.

Половина година лаже Филипче, дури народот умира и се заразува, па уште без срам обвинува други.

Не Филипче, ти си виновен и одговорен за тоа и ќе понесеш одговорност“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.03.2021 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега