ВМРО-ДПМНЕ: Филипче станува гробар на својот народ, 30 мртви за еден ден, оставка веднаш

Гробарот Венко Филипче денеска закопа 30 граѓани. Триесет семејства завиени во црно. Само Филипче може да постигне вакви црни рекорди! Знае ли Филипче дека по Втората светска војна до денес Македонија не памети толку големи човечки загуби.

Ова вечерва го соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ како реакција на дневната статистика на новозаразени и починати која ја објави Министерството за здравство.

Според партијата, Македонија се соочува со најголема смртност предизвикана од корона затоа што, како што велат, Филипче здравствениот систем го стави на колена.

Филипче како да не знае дека е на функцијата министер за здравство. Филипче како да не знае дека зема плата од пари од народот за да грижи за здравјето на токму тој народ. Филипче треба да си даде оставка затоа што здравствениот систем е парализиран. Затоа што болниците не се подготвени за корона кризата. Затоа што Филипче ги остави пациентите без потребните лекови. Затоа што болниците немаат возила за итна медицинска помош. Затоа што докторите и медицинскиот персонал не се задоволни. Затоа што додека короната убива, власта тера бизнис и тендери, се вели во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче е најнеспособниот министер за здравство од создавањето на нашата држава. Опозицијата побара оставка од Филипче веднаш.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.11.2020 - 21:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега