ВМРО-ДПМНЕ: Филипче уби повеќе од 7.000 граѓани

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека на светската мапа на починати од Ковид-19 Македонија е на третото место.

-Бројот на починати од корона во Македонија ја надмина бројката 7 илјади. Поточно последната статистика на Министерството за здравство вели дека починати се 7.019 лица. На светската мапа на починати Македонија се искачи на високо трето место по смртност. Или има 3.366 починати на милион жители. Пред Македонија се Перу и Босна и Херцеговина. На мапата на смртност во Европа, Македонија е втора. Бројката на починати од корона во Македонија е 7.019 или тоа е повеќе од бројот на жители на 10 градови. Колку за илустрација  Демир Хисар има 2.593 жители, Демир Капија има 3.275, Пехчево има 3.237, Македонски Брод има 3.740, во оваа група  се и Валандово, Македонска Каменица, Крушево, Богданци , Кратово, се вели во соопштението од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, министерот за здравство Венко Филипче е виновен за смртта на седум илјади граѓани.

-И после сето ова Министерството за здравство се уште го води Венко Филипче, кој очигледно сака повеќе да глуми политичар, отколку да работи за тоа што е платен од граѓаните. Филипче уби повеќе од 7 илјади граѓани! Филипче уби два помали града од Македонија! Филипче со својата неспособност од мапата на Македонија избриша два града колку Македонски Брод, се вели во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.

 

23.10.2021 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега