ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски доби црвен картон од Вашингтон - Заев наместо да ја сфати пораката го предлага за амбасадор во ОН

Љубомир Фрчкоски е неприфатлив за амбасадор на САД, и доби црвено светло од Вашингтон. Заев наместо да ја сфати пораката го предлага за амбасадор во ОН, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако претседателот на Собранието Талат Џафери потврди дека Фрчкоски е номиниран за амбасадор на ООН во Њујорк.

-Спасувачката мисија на Заев завршува со уште еден меѓународен блам. Заев сака да го прати Фрчкоски во Њујорк, на територија на земјата која веќе го одби. Тоа е дипломатски аматеризам и дилетантизам. Заев предлага човек за амбасадор во ОН кој има сомнително криминално минато. Фрчкоски беше посочен од криминалецот Љубомир Магаш како министер кој учествувал во шверцот на нафта и цигари во 90-тите. Љубомир Фрчкоски е докажан женомрзец и тепач на жени. Фрчкоски беше обвинет од сопствената сопруга дека ја тепал и малтретирал, се вели во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Фрчкоски е човек досега повеќе пати ја скандализирал македонската јавност.

-Фрчкоски тепаше студенти на универзитетски кампус. Фрчкоски е човек кој што со своето насилно однесување ја скандализирал македонската јавност повеќе пати во минатото. Фрчкоски не може да биде амбасадор во ОН, најголемата организација која ги промовира и штити човековите права и мирот во светот. Тоа е исто како да слон во продавница за порцелан, се вели во реакцијата.

 

28.09.2021 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега