ВМРО-ДПМНЕ: Функционери на СДС кријат имот, а за тоа постојат и докази, со месеци и години не го пријавиле својот имот во ДКСК

 

Функционери на СДС кријат имот, а за тоа постојат и докази. Со месеци и години не го пријавиле својот имот во ДКСК. Алберт Муслиу, Ивица Јевтиќ, Валентин Груевски и Новица Печински, сите кадар на СДС немаат поднесено анкетни листови за функциите кои ги извршуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата обвинуваат дека овие 4 функционери се дел од 123 функционери на власта кои кријат имот вреден 30 милиони евра.

„Муслиу, Јевтиќ и Печински воопшто не доставиле анкетни листови, а дел се на функции и по 5 години. ДКСК и институциите молчат. Груевски, нема ажурирано анкетен лист, иако на позицијата директор на ЈП Македонски шуми е повеќе од 6 месеци. Ова не се системски пропусти, ова е системско криење. Во прилог доставуваме и фото докази од страницата на ДКСК, од која се гледа како се кријат имоти“, се вели во соопштението.

25.10.2022 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега