ВМРО-ДПМНЕ ги објави идентитетите на полициските службеници кои го следеле Јовчевски: ЈО да постапи веднаш

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска преку партиско соопштение и на нивната веб страница ги објави идентитетите на полициските службеници кои биле дел од групата на Вибер која се користела за следење на нивниот кандидат за градоначалник во Прилеп, Борче Јовчевски.

Според партијата, високи функционери во МВР во Прилеп го следеле, Јовчевски, а извештаите за тоа биле пишувани во групата.

-Полициските функционери наместо да ги штитат граѓаните го загрозувале нивното здравје. Па така полициски службеник кажува дека пратил билдери да тепаат нивен сограѓанин, а друг се надоврзува дека и тој му испратил поздрав. Неистомислениците на власта биле подложни на шиканирање и закани за нивното физичко здравје. Заев и Спасовски наместо да глумат дека не знаеле да понесат одговорност. А ЈО да отвори постапка веднаш. Ваква злоупотреба на институции во партиски и изборни цели не памети поствоена Европа. Доколку ЈО не отвори случај и мисли дека ова ќе се заборави, треба да знаат дека по ослободување на институциите ќе одговараат сите кои го заташкувале овој случај, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

25.10.2021 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега